Танц со Лени Гелева
Descarga y escucha en cualquier lugar
Descarga tus episodios favoritos y disfrútalos, ¡dondequiera que estés! Regístrate o inicia sesión ahora para acceder a la escucha sin conexión.
Танц со Лени Гелева
Capítulos
Descripción
Дива Лига (Ана Чушкова) - водителка и основач на поткастот Лени Гелева (Наташа Гелева) - гостинка, фотографка, танцувачка, и уметница. Во оваа епизода ќе разговараме со Лени Гелева, која е...
mostra másЛени Гелева (Наташа Гелева) - гостинка, фотографка, танцувачка, и уметница.
Во оваа епизода ќе разговараме со Лени Гелева, која е отелотворување на принципот „животот како уметност“ и ентузијастичко живеење на тој живот преку геслото „танцувај како сите да те гледаат“. . Тој уникатен поглед го споделува со нас преку фотографијата, јазик преку кој најдобро ја знаеме, покрај танцувањето. Во најновата епизода зборуваме како детето Наташа стана Лени, за идентитетите, за инспирациите, за сродните души и жените херои, за клупските сцени во Скопје и Берлин и патувањата: од Лондон до македонските села..Дискусијата се фокусира на искуствата на Лени како жена уметник, нејзините инспирации и процеси на работа. Жени жени жени зборуваме зборуваме зборуваме! Да не се повторуваме?! Време е да надокнадиме!
Клучни теми/поглавја:
Во поткастот учествуваа Лени и Наташа, Ана и Дива Лига (можеби седна некоја Брза кучка и еден Нов Крај, кои разговараа за нивните идентитети, уметноста и женските амбиции. Разговорот се одвиваше во различни контексти, вклучувајќи детството, уметничката кариера и клупската сцена во Скопје. Значењето на разговорот се во истражувањето на идентитетот, креативноста и женските искуства во уметноста и современото општество. Разговорот се фокусираше на личните искуства и рефлексии на соговорничките, претставувајќи ги како активни учесници во уметничката и културната сцена. Важноста на разговорот е во промовирањето на различните гласови и искуства, како и во истражувањето на женските идентитети и уметничките амбиции во современото општество.
01:00 - Од дете до уметник: “За почеток да продолжиме”
03:09 - Лени оди во Берлин
07:30 - Феминизмот и идентитетот: Феминизмот и другите жени
13:11 - „Ситуации кога луѓе беа збунети дали сум женско или машко“
17:33 - Носталгија за клупската сцена
27:14 - Идентитет и фотографија
57:44 - Соработка и амбиции
01:04:04 - Домашната уметничка заедница може да научи нешто за заедништво
01:12:34 - Не сум мајка и сум скроз ок со тоа: За осмомартовската колумна на Мери Јордановска.
Епизодата успешно го прикажува значењето на женската уметност и нејзиниот уникатен придонес кон културната панорама. Разговорот меѓу Дива Лига и Лени Гелева е инспиративен пример за потребата од поддршка и разбирање во уметничките заедници, особено кај жените кои се занимаваат со уметност. Слушањето и признавањето на женските гласови во уметноста е круцијално за создавање на еднакво за сите, и содржајно богато општество.
Повеќе за Лени и нејзината фотографија: NeuErotik.com (cargocollective.com) и на Facebook.
Повеќе за епизодата: Ресурси и линкови
Дива Мисла
КСП Центар - Јадро
Información
Autor | Ana Chushkova |
Organización | Ana Chushkova |
Página web | www.diva.mk |
Etiquetas |
Copyright 2024 - Spreaker Inc. an iHeartMedia Company
Comentarios