Apoya el Podcast
Contactos
Información
,, Добредојде во "Брза Кучка" со - Дива Мисла, поткаст кој е во во соработка и копродукција со КСП Центар Јадро. Дива избега од ланецот и подготвенa е да ве прошета надвор од паркот на доцилните домашни кучиња.
Во овој поткаст, не само што ќе ви донесеме фасцинатни гости, туку и нивните арт-доти, ќе ви го приближиме активизмот и ќе се обидеме да ги забележиме сеќавањата на хроничарите на своето време во архивите на нашите вијуги, и да го диктираме наративот на современата македонска култура.
Амбициозно? Секако. Топло ви препорачуваме порција и на вам!
. Секоја епизода е приказна за сама себе и се обидува да ги заслужи непрестаните поплаки со нудење решенија и перспективи и со читање на мапата на домашната култура, која ќе нѐ изнесе на пат кој нѐ води на место во кое се сакаме и од кое сме горди и задоволни.
Од писатели до сликари, од рапери до викари - "Брза Кучка" има њух (па и слух) за темите што се релевантни и ги истражува преку сочни разговори и несекојдневни пристапи. Опуштете се, и придружете ни се - културата овде не е само дел од разговорот туку и самото јадро.

Transcrito
19 ABR. 2024 · Ана Ашталковска е редовен професор на Институтот по етнологија и антропологија на ПМФ. - Зарем има таков Институт?! Зошто е на ПМФ? - можеби се прашувате. Без гајле, трпеливата и смирена професорка ќе ви објасни се́ што не сте знаеле дека не го знаете, и не сте помислувале да го прашате, со академска темелност поради која од некоја причина ќе се чувствувате задоволни од самите себе откако ќе го чуете образложувањето. Зошто? Затоа што со вложувањето на внимание - вложувате во себе!
Ана магистрирала на темата: „ Озборувањето како механизам за социјална контрола во народната култура на Струшки Дримкол.“ а докторирала на „ Антропологија на интимноста во македонската народна култура.“ ... - и за тоа ќе зборуваме!
И на крај, како сите врсни професори - ни даде убава лекција по пристојност!
Transcrito
2 ABR. 2024 · Дива Лига (Ана Чушкова) - водителка и основач на поткастот
Лени Гелева (Наташа Гелева) - гостинка, фотографка, танцувачка, и уметница.
Во оваа епизода ќе разговараме со Лени Гелева, која е отелотворување на принципот „животот како уметност“ и ентузијастичко живеење на тој живот преку геслото „танцувај како сите да те гледаат“. . Тој уникатен поглед го споделува со нас преку фотографијата, јазик преку кој најдобро ја знаеме, покрај танцувањето. Во најновата епизода зборуваме како детето Наташа стана Лени, за идентитетите, за инспирациите, за сродните души и жените херои, за клупските сцени во Скопје и Берлин и патувањата: од Лондон до македонските села..Дискусијата се фокусира на искуствата на Лени како жена уметник, нејзините инспирации и процеси на работа. Жени жени жени зборуваме зборуваме зборуваме! Да не се повторуваме?! Време е да надокнадиме!
Клучни теми/поглавја:
Во поткастот учествуваа Лени и Наташа, Ана и Дива Лига (можеби седна некоја Брза кучка и еден Нов Крај, кои разговараа за нивните идентитети, уметноста и женските амбиции. Разговорот се одвиваше во различни контексти, вклучувајќи детството, уметничката кариера и клупската сцена во Скопје. Значењето на разговорот се во истражувањето на идентитетот, креативноста и женските искуства во уметноста и современото општество. Разговорот се фокусираше на личните искуства и рефлексии на соговорничките, претставувајќи ги како активни учесници во уметничката и културната сцена. Важноста на разговорот е во промовирањето на различните гласови и искуства, како и во истражувањето на женските идентитети и уметничките амбиции во современото општество.
01:00 - Од дете до уметник: “За почеток да продолжиме”
03:09 - Лени оди во Берлин
07:30 - Феминизмот и идентитетот: Феминизмот и другите жени
13:11 - „Ситуации кога луѓе беа збунети дали сум женско или машко“
17:33 - Носталгија за клупската сцена
27:14 - Идентитет и фотографија
57:44 - Соработка и амбиции
01:04:04 - Домашната уметничка заедница може да научи нешто за заедништво
01:12:34 - Не сум мајка и сум скроз ок со тоа: За осмомартовската колумна на Мери Јордановска.
Епизодата успешно го прикажува значењето на женската уметност и нејзиниот уникатен придонес кон културната панорама. Разговорот меѓу Дива Лига и Лени Гелева е инспиративен пример за потребата од поддршка и разбирање во уметничките заедници, особено кај жените кои се занимаваат со уметност. Слушањето и признавањето на женските гласови во уметноста е круцијално за создавање на еднакво за сите, и содржајно богато општество.
Повеќе за Лени и нејзината фотографија: https://cargocollective.com/Neuerotik и на https://www.facebook.com/LenivonGelevaPhotography/.
Повеќе за епизодата:https://www.diva.mk/podcast-3/episode/799c5fd2/tanc-so-leni-geleva
https://www.diva.mk/
https://centarjadro.mk/
Transcrito
14 MAR. 2024 · Добредојде во "Брза Кучка" поткаст кој е овде за да ве прошета надвор од паркот на доцилните домашни кучиња.
Плимата ги подига сите бродови! Доаѓаме!
Режисерот Алтипармаков е хроничар на своето време и супкултура, па оди дотаму да се квалификува како архивар. Отворајќи ја својата филмска кариера со Гето103 тој останува на тој курс и го држи прстот на пулсот на македонската независна рок сцена и како режисер, но и како водител на Канал 103 каде се́ уште трпеливо работи.
Подеднакво посветено работи и на себе, а младешката енергија на својата сродна душа Лени Гелева(која ќе ја чуеме во следната епизода) само му помага да ги одржи своите професионални и лични амбиции во живот!
Во третата епизода на Брза кучка, трчаме слободно, и зборуваме за малиот Јане, и како искрата на љубопитност се претворила во креативен жар, како студиите по филозофија му помогнале во студиите по режија.
Растењето во транзициската Македонија од денешен аспект може да делува како заморно и тешко, но Алтипармаков сведочи за живот во техниколор. Патриотизмот не е партиски слоган -тоа е однос кон животот околу себе. Рокументарецот The Hip - Brainstorm го бележи тоа време. Вечерта на снимањето на поткастот беа Оскарите, па си помуабетивме за најизивиканите филмови со што го затворивме муабетот, со срдечен поздрав!
Во овој поткаст Јане Алтипармаков и Дива Лига (Ана Чушкова) разговараат за предизвиците и комплексноста на филмската индустрија, потребата од знаење и искуство за успешност во ова занимање, како и за различните перцепции и очекувања од филмската режија, нуди поглед во филмската индустрија и ги истакнува предизвиците и комплексноста на ова занимање. Поткастот ги истакнува предизвиците и размислувањата што ги предизвика пандемијата на COVID-19 и ги поттикнува слушателите да се фокусираат на самоусовршување, искреност и хуманост во своите животи. Се разговара за реалноста на можен нуклеарниот судир и неговите последици, како и за пропагандата и поделбата на Запад и Исток. Говорниците изразуваат страв од нуклеарен холокауст и се согласуваат дека треба да се комуницира повеќе и да се победат пропагандите. Тие заклучуваат дека потребно е да се работи на приближување и хуманост и да се надминат поделбите и егото. Во поткастот се разговара и за два филма - "Пур Тингс" и "Опенхајмер", каде што се коментира стилот на режирање и актерските улоги.
1:01мин - Заразен сум со филмови од страна на мојот татко, кој беше и остана филмофил: ме носеше во Кино Карпош.
5:40 - Треба човек да има животно искуство а и некои предзнаења, за да може да се осуди да студира филмска и тв режија.
22:49 - Потсвесното вибрирање ме донесе во контакт со луѓе кои биле токму дел од тој проект - The Hip.
26:00 - За патриотизмот.
30:00 - 90-ти ривајвл кај младината значи добар прием на филмот The hip - brainstorm.
42:00 - Јас сум пресреќен што Наташа - Лени - препозна во мене сродна душа.
54:30 - Ние сме на праг на нуклеарна апокалипса!
58:00 - Вечерта на Оскарите ги разговараме, Дуна 2, Сироти нешта, Опенхајмер, Барби…
Јане можете да го најдете на
https://www.youtube.com/@ziggyja
https://www.facebook.com/profile.php?id=61556895785998
Дива Лига на https://www.diva.mk/
Инста:https://www.instagram.com/brzakuchka?utm_source=ig_web_button_share_sheet&igsh=ZDNlZDc0MzIxNw==
Фејсбук:https://www.facebook.com/profile.php?id=61556326566855
Transcrito
23 FEB. 2024 · ,, Добредојде во "Брза Кучка" поткаст кој е овде за да ве прошета надвор од паркот на доцилните домашни кучиња.
Во овој поткаст, не само што ќе ви донесеме фасцинатни гости, туку и нивните арт-доти, ќе ви го приближиме активизмот и ќе се обидеме да ги забележиме сеќавањата на хроничарите на своето време во архивите на нашите вијуги, и да го диктираме наративот на современата македонска култура. Амбициозно? Секако. Топло ви препорачуваме порција и на вам!
Киднавме од ланец, и каква среќа - го сретнавме Мирко Попов! Вториот дефинирачки гостин, слично на институцијата „втор албум“ е Мирко, кој е еден од оние ликови кои или го мразиш или го сакаш, и трето нема и во „Брза кучка“ верен на себе, и на формата дава одличен материјал и за обете групи луѓе.
Мирко Попов не се извинува за своите ставови, ниту за она кој е.
За оние што го сакаат: ќе чујат какво дете бил малиот Мирко, зошто сака, едноставно ОБОЖАВА да пишува, но зазира од идентитетот „македонски поет/писател“, ќе не́ потсети зошто и покрај лошата навика да кукаме, имаме зошто да бидеме среќни па и горди, за неговата хиперпродуктивност, за соработката со младата сцена со платоформата „Силата еу младите“ и што има научено од младата генерација креативци, за Јанг Дади, за поп културата, зошто мисли дека е мета на тролови, и - ПМГ народна (изданија на народна музика )- е реалност!
За оние кои сакаат да го мразат - ќе бараат напорно причини за тоа и ќе најдат еден тон, затоа што не се штедеше кога распали, но и ги разговаравме неговите најконтроверзни моменти како повикот да се запалат сите цркви и „дијагноза-гејт“. Сето ова го зборувавме во утрото кога осамна веста дека неонскиот натпис „Ние сме од Скопје“ (инспириран од песна на ПМГ) одмазднички е симнат од МКЦ.
Па не гледаме посовршен момент да го чуеме Мирко - па да го слушнеме !
00:22 - Мирко пишува, зборови еден тон.
07:04 - Кочо Рацин е комплетна несреќа.
14:00 Хиперпродуктивен од клинец - мора да се работи за ПМГ да го прошири полето на делување.
20:06 - Визијата е побитна од егото.
20:18 - Работа со младите креативци.
23:10 - ПМГ работи со поп артисти - критиките се резултат на ограниченост.
26:05 - Јанг Дади - еден од највоспитаните, образовани, младиќи, му помага на Мирко во работата.
29:00 - Зошто Мирко е мета на тролови уште како дете? Ја бара причината и во себе.
34:02 - За скандалот „Сите цркви да се запалат“ : „Јас доаѓам од попска фамилија...“
37:50 - На Македонците црквата им е неопходна.
43:22 - За скандалот „Дијагноза“: Скопје може да биде Лондон, Берлин.
46:25: „И онда бев поканет да зборувам на едно политичко rally"
56:00 - Распеани Валандовчани
на КСП Центар - Јадро, а автор и водител е Ана Чушкова.
Инстаграмhttps://www.instagram.com/centarjadro/?g=5 https://www.instagram.com/divotni/
Фејсбук https://www.facebook.com/profile.php?id=61556326566855
https://centarjadro.mk/https://www.diva.mk/
:
Become a supporter of this podcast: https://www.spreaker.com/podcast/brza-kucka--5718095/support.
Transcrito
15 FEB. 2024 · Поткастот го отвораме со Никола Гелевски, со кого сакавме да се чуеме бидејќи неговото медиско присуство е проретчено до целосно-отсуство во последно време. Тој е препознатлив по тоа што секогаш нуди фасцинатни и дефинирачки содржини за македонската култура, преку бескомпромисната посветеност на говорењето на својата вистина, и тоа се докажува до денес како револуционерен чин.
Во отворено, на моменти интимно сведоштво, тој објаснува зошто иако е автор и колумнист, најмногу се наоѓа во улогата на издавач и уредник. Оваа година е 30 годишен јубилеј на литературното списание „Маргина“ и 15 години на ,,Окно”, па се осврнавме како Маргина му делува од оваа перспектива, какви планови има за нејзе, и како и покрај сите предизвици е неверојатно горд на „вебсајтот за култура“, Окно.
Следете го остатокот од нашите содржини на diva.mk
На Инстаграм: @divotni
На Фејсбук: https://www.facebook.com/divaiziva
10 FEB. 2024 · Што доаѓа?
Únete al Supporters Club de "Брза Кучка"
Empieza a apoyar este podcast y forma parte de su comunidad.
,, Добредојде во "Брза Кучка" со - Дива Мисла, поткаст кој е во во соработка и копродукција со КСП Центар Јадро. Дива избега од ланецот и подготвенa е да ве прошета надвор од паркот на доцилните домашни кучиња.
Во овој поткаст, не само што ќе ви донесеме фасцинатни гости, туку и нивните арт-доти, ќе ви го приближиме активизмот и ќе се обидеме да ги забележиме сеќавањата на хроничарите на своето време во архивите на нашите вијуги, и да го диктираме наративот на современата македонска култура.
Амбициозно? Секако. Топло ви препорачуваме порција и на вам!
. Секоја епизода е приказна за сама себе и се обидува да ги заслужи непрестаните поплаки со нудење решенија и перспективи и со читање на мапата на домашната култура, која ќе нѐ изнесе на пат кој нѐ води на место во кое се сакаме и од кое сме горди и задоволни.
Од писатели до сликари, од рапери до викари - "Брза Кучка" има њух (па и слух) за темите што се релевантни и ги истражува преку сочни разговори и несекојдневни пристапи. Опуштете се, и придружете ни се - културата овде не е само дел од разговорот туку и самото јадро.
Во овој поткаст, не само што ќе ви донесеме фасцинатни гости, туку и нивните арт-доти, ќе ви го приближиме активизмот и ќе се обидеме да ги забележиме сеќавањата на хроничарите на своето време во архивите на нашите вијуги, и да го диктираме наративот на современата македонска култура.
Амбициозно? Секако. Топло ви препорачуваме порција и на вам!
. Секоја епизода е приказна за сама себе и се обидува да ги заслужи непрестаните поплаки со нудење решенија и перспективи и со читање на мапата на домашната култура, која ќе нѐ изнесе на пат кој нѐ води на место во кое се сакаме и од кое сме горди и задоволни.
Од писатели до сликари, од рапери до викари - "Брза Кучка" има њух (па и слух) за темите што се релевантни и ги истражува преку сочни разговори и несекојдневни пристапи. Опуштете се, и придружете ни се - културата овде не е само дел од разговорот туку и самото јадро.
Información
Autor | Ana Chushkova |
Organización | Ana Chushkova |
Categorías | Arte , Entrevistas musicales , Artes visuales |
Página web | www.diva.mk |
podcast@diva.mk |
Copyright 2024 - Spreaker Inc. an iHeartMedia Company